Долгоочекуваното враќање на Дончиќ во Далас, поради неверојатната трампа во која Далас го замени со Лејкерс Лука Дончиќ за Ентони Дејвис, заврши со победа на Лејкерс 107:99.

Словенечката суперѕвезда против својот поранешен тим оствари трипл дабл со 19 коша, 15 скокови и 12 асистенции. Леброн Џејмс постигна 27 коша, 12 скокови и 9 асистенции кај победничкиот тим на Лејкерс.

Во тимот на Далас најдобар поединец беше Кајри Ирвинг со 35 коша, а Клеј Томсон постигна 22. Ентони Дејвис не настапи на натпреварот поради повреда.

И покрај трипл-даблот, Дончиќ сеуште не игра во најдобра форма по повредата, а на натпреварот имаше шут од 35 насто. За тројка постигна само една од седум обиди.

Со третата последователна победа Лејкреси се искачија на четвртото место во западната конференција, а Далас е деветти и до крајот на регуларната сезона ќе води борба за пласман во првите шест места што водат директно во плеј офот.

Слични новости

Оклахома славеше во Бостон во меч што е можно финале на НБА лигата

Оклахома славеше во Бостон во меч што е можно финале на НБА лигата

Бостон Селтикс шутираа дури 63 пати за три поени, а од тоа погодија 20 пати, со процент за тројка од 31,7 насто. Оклахома имаше двојно помалку шутеви зад линијата за три поени, но го доби мечот со добар процент на шутеви за два поени.

Минесота на гости убедливо го победи Денвер 115:95

Минесота на гости убедливо го победи Денвер 115:95

Минесота поведе од самиот почеток и имаше над 20 поени разлика 6 минути пред крајот на мечот, кога тренерот на домашната екипа Мајкл Малоун ја повлече од игра стартната постава и практично го призна поразот.