Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се врати во САД по престојот во Шпанија каде што имаше третмани поради повредата пред крајот на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Во првото коло Лејкерс како четврти ќе играат против Хјустон со предност на домашен терен.
Не е извесно дали Дончиќ ќе биде 100 процентно подготвен за првиот натпревар, но сигурно е дека за вториот меч против Хјустон Дончиќ ќе биде целосно подготвен.
Дончиќ сезонава беше прв стрелец на НБА лигата со 33,5 коша по меч, 8,3 асистенции и 7,7 скокови во просек.
Слични новости
Руската тенисерка Елена Рибакина победничка на Австралија опен
Руската тенисерка со казахстански пасош Елена Рибакина денеска стигна до својата втора Гренд слем титула откако во финалето на Австралија опен ја победи најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка со 2:1 во сетови 6:4, 4:6 и 6:4.
Лукас Пакета ги одби големите европски клубови и потпиша за бразилски Фламенго
Пакета имаше понуди од Челси и Тотенхем да остане во Лондон и во Премиер лигата и да игра во Лигата на шампионите, но тој сакал да се врати дома во Бразил.
Никола Јокиќ се врати на теренот по долгата повреда и постави нов НБА рекорд
Ова е прв пат во историјата на НБА еден ихграч да има 25 + поени, 10+ скокови и 5+ асистенции, за помалку од 25 минути игра.


