Донатела Версаче ќе се повлече од функцијата главен креативен директор на брендот Версаче по речиси три децении во оваа улога, објави во четвртокот сопственикот „Capri Holdings“.

Шеесет идевветгодишната Донатела од следниот месец ќе ја преземе улогата на главен амбасадор на брендот, предавајќи му ги дизајнерските узди на Дарио Витале, кој доаѓа од италијанскиот луксузен бренд „Miu Miu“, дел од групацијата „Prada“.

„Најголема чест во мојот живот беше да го продолжам наследството на мојот брат Џани. Тој беше вистински гениј, но се надевам дека имам дел од неговиот дух и упорност“, рече Донатела која се вклучи во бизнисот откако Џани беше убиен во Мајами во 1997 година.

„Поддршката за следната генерација дизајнери отсекогаш ми била важна. Возбудена сум што ни се придружи Дарио Витале и возбудена што ќе го видам Версаче со нови очи“, додаде таа.

Потегот доаѓа поради извештаите дека „Prada“ се приближува кон договорот за купување на „Versace“ од Capri“, откако се согласи на цена од речиси 1,5 милијарди евра.

globe

Слични новости

Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба

Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба

Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго, кој утре треба да одржи концерт во арената „Борис Трајковски“, вчера пристигна во Скопје. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба