Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го отвори прашањето за можноста да остане на власт и по истекување на вториот претседателски мандат, порачувајќи им на своите симпатизери во Охајо дека би сакал да остане уште четири години во Белата куќа.
За време на политички митинг во Охајо, неговите приврзаници скандираа „уште четири години“, на што американскиот претседател одговори дека би му било драго да се оствари такво сценарио. „Би сакал да го сторам тоа. Би сакал уште четири години“ порача Трамп, по што се осврна и на можнте реакции на медиумите на неговата изјава.
Амандманот 22 на американскиот Устав, ратификуван во 1951, изрично пропишува дена ниту една личност не може да биде избрана на функцијата претседател повеќе од два пати, а ова е втор мандат на Трамп.
Слични новости
Колумбија: Најмалку 265 мртви во разурнувачкиот земјотрес, прогласена вонредна економска ситуација
Најмалку 265 луѓе се погинати, а близу 3.500 луѓе се повредени во земјотресот со силина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западот на Колумбија, соопшти денеска колумбискиот претседател Абелардо де ла Еспријела.