Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на својата мрежа Трут соушал дека се согласил на двостран прекин на огнот во војната со Иран на две недели.

„Врз основа на разговорот со премиерот на Пакистан Шехбаз Шариф и фелдмаршалот Асим Мунир, во која го замолиле да ја запре разурнувачката сила што се испраќаше на Иран, се согласив да го спречам бомбардирањето и нападот на Иран за период од две недели, под услов Иран да се согласи на целосно, непосредно и безбедно отварање на Ормутскиот теснец“.

Трамп порача дека станува збор за двострано примирје. Причината за тоа, како што соопшти американскиот претседател, е тоа што веќе ги постигнале и надминале сите свои воени цели, но се многу далеку од конечна спогодба за долгорочен мир со Иран и на Блискиот исток.

Трамп изјави дека САД го добиле предлогот од 10 точки од Иран и веруваат дека тоа е употреблива основа за преговори.

Речиси сите точки од претходните спорови меѓу Иран и САД се договорени, а периодот од две недели ќе овозможи спогодбата да се финализира и консолидира.

 

Слични новости

Иранците уништија клучен американски воен радар вреден над милијарда долари

Иранците уништија клучен американски воен радар вреден над милијарда долари

Најголемата поединечна загуба е системот за рано предупредување АН/ФПС-132 во воздухопловната база Ал Удеид во Катар, вреден 1,1 милијарда долари, кој беше погоден со ирански проектил, за што дадоа потврда и катарските власти.