Американскиот претседател Доналд Трамп треба да пристигне во Пекинг денеска на неговиот долгоочекуван самит со кинескиот лидер Си Џинпинг во момент кога светот е загрижен за војната, трговијата и вештачката интелигенција.

Авион „Air Force One“ полета за Пекинг со делегација составена од милијардери и извршни директори на водечки светски корпорации, меѓу кои и Илон Маск, извршниот директор на Ејпл Тим Кук и првиот човек на Енвидија Џенсен Хуанг.

Посетата се случува во деликатен момент за неговото претседателствување, бидејќи неговата популарност дома е намалена поради војната на САД и Израел со Иран и зголемената инфлација како последица на тој конфликт.

Претседателот на САД Доналд Трамп најавува дека со кинескиот претседател главно ќе разговараат за биснисот и трговијата.

 

 

Слични новости

Трамп го повика Иран „да се опамети“

Трамп го повика Иран „да се опамети“

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран нема да може да постигне договор со САД доколку во него не биде опфатено и прашањето на нуклеарната програма.