Американскиот претседател Доналд Трамп обвини неколку холивудски ѕвезди дека имаат дијагноза на „Синдромот на илузија на Трамп“.

Тој објави видео на неговата социјална мрежа создадено од вештачката интелигенција, а во него „дијагнозата“ ја имаат токму ѕвездите кои политички го критикуваат, а познато е дека Трамп не трпи критики и знае да биде многу малициоезн кога го критикуваат.

Во видеото „Доктор Трамп“ ги третира неговите „пациенти“ кои страдаат од измислениот синдром. Потоа во видеото се појавуваат измислени сведоштва на Џулија Робертс, Роберт Де Ниро, Вупи Голдберг, Џон Легуизамо и Едвард Нортон.

Трамп е често критикуван за измислените видеа, а претходно објави скандалозно видео во кое поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга беа прикажани како мајмуни.  

Слични новости

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.