Фудбалерот на Лидс Доминик Калверт Луин е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата во декември, соопшти Премиер лигата.
Калверт Луин на пет натпревари во декември постигна шест голови, па така за втор пат во неговата кариера го освои признанието за најдобар играч на месецот на Премиер лигата.
Лидс во декември забележа две победи со три нерешени резултати и во моментов се наоѓа на 16. место на табелата на Премиер лигата со 22 бода.
Слични новости
Лидс забележа важна победа кај Манчестер јунајтед во борбата за опстанок
И покрај поразот, Манчестер јунајтед го задржа третото место со добри изгледи за пласман во Лигата на шампионите, а Лидс постепено се оддалечува од опасната зона и сега е 15-ти со 36 бодови.
Пеп Гвардиола најавува дека во недела ќе биде финалето на Премиер лигата
Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим има шанси да ја освои титулата во Премиер лигата и оти в недела на домашен терен ќе игра „финале“ на Премиер лигата.
Никола Јокиќ ја заврши сезоната во НБА како прв во скокови и асистенции
. Српскиот центар има во просек трипл-дабл учинок со 27,7 коша по натпревар, 12,9 скока и 10,7 асистенции и е најдобар во две, од трите клучни категории.


