Францускиот центар Виктор Вембенјама кој беше исклучен на четвртиот натпревар утринава блесна на свој терен и го донесе сан Антонио до водство од 3:2 во серијата против Минесота. Вембенјама постигна 27 коша, имаше 17 скокови, 5 асистенции и 3 блокади во победата на Сан Антонио од 126:97.

Келдон Џонсон даде 22 поени, ДеАрон Фокс 18, а Кетсл 17 за тимот на Сан Антонио, а кај МИнесота најефикасен беше Ентони Едвардс со 20, додека Рендл и Мекданиелс дадоа по 17.

Сан Антонио Спарс по пети пат во 10 меча од плеј офот го задржаа противникот под 100 коша, а главна причина е лошиот шут на играчите кои ги чува Вембенјама.

 

 

Слични новости

Денвер избори шести меч против Минесота со трипл дабл на Никола Јокиќ

Денвер избори шести меч против Минесота со трипл дабл на Никола Јокиќ

Кошаркарите на Денвер нагетс утринава ги победија Минесота Тимбервулфс со 125:113 и намалија во серијата до 4 победи на 3:2. Кај Денвер најдобар поединец беше Никола Јокиќ со 27 коша, 16 асистенции и 12 скокови. Џамал Мареј постигна 24 коша, а Спенсер Џоунс 20.