По завршувањето на првата фаза од Лигата на шамионите, „боде очи“ фактот дека меѓу првите 8 клубови кои обезбедија директен пласман во осминафиналето, дури 5 се од Премиер лигата.

Арсенал заврши како прв на табелата, Ливерпул е трет, Тотенхем четврти, Челси на шестата, а Манчестер сити на 8-та позиција. Другите три клубови што обезбедија директен пласман во осминафиналето се Баерн Минхен, Барцелона и Спортинг Лисабон.

Премиер лигата имаше дури шестмина претставници во најелитното клубско натперварување, а единствен тим кој не се пласираше во 8-те е Њукасл, кој заврши како 12-ти, и ќе игра бараж за учество во осминафиналето.

Слични новости

Бруно Фернандеш го собори рекордот на Дејвид Бекам по број на асистенции

Бруно Фернандеш го собори рекордот на Дејвид Бекам по број на асистенции

Бруно Фернандеш е повторно херој во препородениот тим на Манчестер јунајтед кој стигна до третото место во Премиер лигата. Иако не постигна гол против Астон Вила, Бруно имаше две асистенции со што стигна до 16 асистенции оваа сезона во Премиер лигата.

Арне Слот пред отказ од Ливерпул

Арне Слот пред отказ од Ливерпул

Ливерпул се трансформираше во тим без идентитет и слаби резултати, коментираат фудбалските аналитичари во Англија кои сметаат дека менаџерот Арне Слот не смее да остане на кормилото на Ливерпул