Фудбалерите на Болоња сосема заслужено го совладаа Милан со 2:1 пред своите гледачи во последниот натпревар од деветтото коло на италијанската Серија А.

Иако домашните беа подобри во првото полувреме, гостите од Милано поведоа на неколку моменти пред паузата, а стрелец во 43. минута беше Португалецот Рафаел Леао. Сепак, Болоња израмни уште на стартот од вториот дел. По еден центаршут, топката се одби до Кастро, кој од непосредна близина погоди за 1:1.

Во 81. минута рамката од голот го спаси Милан, но Болоња само една минута подоцна поведе. Камбијаги ја испрати топката пред голот на Милан, а Ндоје само ја спушти ногата и погоди за победа на Болоња.

Болоња се искачи на шестото место на табелата, додека Милан падна на осмото место.

globe

Слични новости

ФИФА ќе разгледа еднократно проширување на 64 репрезентации за Светското првенство во 2030.

Светското фудбалско раководно тело ФИФА ќе ја разгледа можноста за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 селекции за да ја одбележи стогодишнината од спортскиот настан

Нејмар повикан во репрезентацијата по една година

Нејмар повикан во репрезентацијата по една година

Бразил го повика напаѓачот на Сантос Нејмар за квалификациите за Светското првенство овој месец против Колумбија и Аргентина по повеќе од една година, објави во четвртокот Бразилската фудбалска конфедерација