Милан ремизираше 2:2 дома против Сасуоло во првиот натпревар од неделната програма во 15-то коло од италијанското првенство, но сепак се искачи привремено на првото место.

Милан е прв со 32 бода, но може да биде престигнат од актуелниот шампион Наполи, кој има натпревар и бод помалку, и Интер кој има 30 бода.

Натпреварот започна лошо за „Росонерите“ и заврши исто толку лошо. Примија гол во 13. минута преку Исмаел Коне, а Арманд Лауриенте израмни за 2:2 во 77. минута. Во меѓувреме, тимот на Масимилијано Алегри израмни а потоа и поведе со головите на 19-годишниот белгиски дефанзивец Давид Бартесаги во 34. и 48. минута.

globe

Слични новости

Мајнц го запре Баерн

Мајнц го запре Баерн

Во натпреварот од 14-то коло од германското фудбалско првенство, Баерн во Минхен одигра 2:2 против последнопласираниот Мајнц