На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничка валути падна дополнително, откако минатата седмица се лизна за 0,7 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, утрово е околу 99,41 поени, додека во петокот навечер беше 99,47 поени.

Девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 156,15 на 155,65 јени.

Американската валута, пак, стагнира во однос на европската, па цената на еврото е околу 1,1595 долари, колку што беше во петокот навечер.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа откако Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници потврдија на состанокот во неделата дека ќе го одржат производството на сегашното ниво во првиот квартал од следната година.

На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово порасна за 0,98 отсто, на 62,99 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот порасна за 0,99 отсто, на 59,15 долари.

globe

Слични новости

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица