На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути стагнира во раното претпладневно тргување во четвртокот.

Индексот на доларот, кој ја икажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 98,41 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 98,40 поени.

 

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 155,10 на 155,80 јени.

Американската валута, пак, ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1745 долари, додека вчера во истиот пресек чинеше 1,1725 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, се зголемија. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово порасна за 0,79 отсто, на 60,15 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,91 отсто, на 56,45 долари.

globe

Слични новости

Цените на нафтата пораснаа на 60 долари

Цените на нафтата пораснаа на 60 долари

Цените на нафтата се искачија на 60 долари на меѓународните пазари во средата, што ја одразува нервозата на трговците кои се обидуваат да ги проценат можните последици од американската блокада на санкционираните танкери што се упатуваат кон Венецуела

Германската потрошувачка на енергија стагнира годинава

Германската потрошувачка на енергија стагнира годинава

Потрошувачката на енергија во Германија ќе остане на минатогодишното ниво во 2025 година, со намалена побарувачка во хемиската индустрија и зголемено греење поради пониските температури, проценува група производители и специјализирани институти (AGEB)