На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути стагнира во раното тргување во четвртокот.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, утрово се движи околу 99,56 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 99,57 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 154,65 јени на 154,95 јени, што е највисоко ниво во последните девет месеци.
Американската валута, пак, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1585 долари, додека вчера истиот период од тргувањето чинеше 1,1575 долари.
Во однос на јенот, курсот на еврото скокна на највисоко ниво во историјата, на 179,50 јени, бидејќи се очекува новата јапонска влада да води многу стимулативна фискална политика и да се залага за ниски каматни стапки.
Цените на нафтата, од друга страна, се релативно стабилни, по вчерашниот остар пад. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово се лизна за 0,08 отсто, на 62,65 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 0,14 отсто, на 58,40 долари.
Слични новости
Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел
Претпазлив почеток на седмицата на европските берзи
Европските берзи тргуваа претпазливо во понеделник претпладнето, додека инвеститорите чекаат нови вести, а одлуката на Федералните резерви на САД за каматните стапки е во фокусот оваа седмица
Доларот благо падна, благ раст на цените на нафтата
На валутните пазари, вредноста на американскиот доларот во однос на кошничка валути благо падна во претпладневното тргување во понеделникот


