На девизните пазари во претпладневното тргување во понеделникот стагнира вредноста на американскот долар во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,98 поени, како и во петокот навечер пред затворњето на тргувањето.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 150,05 на 149,80 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0560 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0568 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по падот две седмици по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,52 отсто, на 71,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,57 отсто, на 67,60 долари.

globe

Слични новости

Нафтата благо поскапе поради падот на залихите во САД

Нафтата благо поскапе поради падот на залихите во САД

Цените на нафтата во четвртокот благо пораснаа поткрепени од падот на залихите на сирова нафта во САД, но нивниот раст беше ограничен бидејќи американската централна банка сигнализираше дека ќе го забави темпото на намалување на каматните стапки во 2025 година, што би можело да му наштети на економскиот раст, да ја намали побарувачката и да го зајакне американскиот долар

Европските берзи драстично паѓаат по пораките на Fed

Европските берзи драстично паѓаат по пораките на Fed

Европските акции остро паднаа во четвртокот претпладнето, како и Волстрит претходниот ден, бидејќи американската централна банка соопшти дека планира да го забави темпото на олабавување на монетарната политика