На девизните пазари вредноста на американскиот долар во претпладневното тргување во средата стагнира во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,89 поени, речиси исто како и вчера во истиот пресек од тргувањето.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 154,10 на 153,60 јени.

Но американската валута благо зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0505 долари, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,0510 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,10 отсто, на 73,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,14 отсто, на 70,20 долари.

globe

Слични новости

Нафтата близу 74 долари

Нафтата близу 74 долари

Цените на нафтата се искачија поблиску до 74 долари на меѓународните пазари во петокот, бидејќи загриженоста за снабдување од Русија по најавата за нови санкции на ЕУ претежна над проценките за вишокот во 2025 година