На валутните пазари во утринското тргување во понеделникот вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути стагнира, по падот од минатата седмица.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, утрово се движи околу 98,54 поени, исто како и во петокот вечерта.

 

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна за 0,05 проценти, на 150,55 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1670 долари, додека во петокот вечерта чинеше 1,1655 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, благо паднаа, па нивниот надолен тренд влезе во четвртата седмица. На лондонскиот пазар, цената на барел ослабе за 0,33 отсто утрово, на 61,10 долари, додека на американскиот пазар, барелот поевтини за 0,40 отсто, на 57,30 долари.

globe

Слични новости

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена