На девизните пазари вредноста на американскиот долар во петокот во претпладневното тргување стагнира во однос на кошницата валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево се движи околу 104,32 поени, исто како и вчера во истиот пресек од трговскиот ден.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 150,15 на 150,85 јени.
Американската валута, пак, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0790 долари, додека вчера во истиот момент беше 1,0775 долари.
Цените на нафтата, пак, благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево падна за 0,24 отсто, на 73,85 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,27 отсто, на 69,75 долари.
Цената на златото, кое се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесните времиња, претпладнево порасна за дополнителни 0,6 отсто, на рекордни 3.073 долари за унца.
Поради неизвесноста на финансиските пазари, цената на златото порасна за повеќе од 17 отсто од почетокот на годината и е на пат за најголемиот квартален скок од 1986 година.
Слични новости
Нов рекорд на златото
Цената на златото, кое се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња, претпладнево четврти ден по ред достигна ново рекордно ниво – 3.145 долари за унца
Остар пад на Волстрит во првиот квартал
На Волстрит индексот S%P 500 благо порасна во понеделникот, но падна со највисока стапка од 2022 година во текот на целиот прв квартал, што е последица од стравувањата на инвеститорите од ескалација на царинската војна
Златото над 3.100 долари
Цените на златото во понеделникот надминаа 3.100 долари за унца, поради стравувањата на инвеститорите дека американските царини би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го забават економскиот раст, како и континуираната побарувачка од централните банки