На девизните пазари вредноста на американскиот долар во петокот во претпладневното тргување стагнира во однос на кошницата валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево се движи околу 104,32 поени, исто како и вчера во истиот пресек од трговскиот ден.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 150,15 на 150,85 јени.
Американската валута, пак, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0790 долари, додека вчера во истиот момент беше 1,0775 долари.
Цените на нафтата, пак, благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево падна за 0,24 отсто, на 73,85 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,27 отсто, на 69,75 долари.
Цената на златото, кое се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесните времиња, претпладнево порасна за дополнителни 0,6 отсто, на рекордни 3.073 долари за унца.
Поради неизвесноста на финансиските пазари, цената на златото порасна за повеќе од 17 отсто од почетокот на годината и е на пат за најголемиот квартален скок од 1986 година.
Слични новости
Каматните стапки го зголемуваат американскиот буџетски дефицит и долгот
Буџетскиот дефицит и јавниот долг на Соединетите држави ќе бидат значително над долгорочниот просек оваа година и ќе продолжат да растат до средината на векот
Светските берзи драстично паднаа, по најавата на Трамп за царини на увозот на автомобили
Цените на акциите на светските берзи драстично паднаа минатата седмица, бидејќи инвеститорите стравуваат од ескалација на трговската војна, откако Вашингтон објави царини за увоз на автомобили, а голем број земји се заканија со контрамерки
Доларот ослабе во однос на кошничката валути, инвеститорите претпазливи
На пазарите на валути се тргуваше претпазливо минатата седмица, бидејќи ризикот од ескалација на цаинската војна меѓу САД и другите најголеми светски економии значително се зголеми, па курсевите на валутуте не осцилираа значително