На девизните пазари, пак, индициите на американската централна банка (Federal Reservе – Fed) дека најверојатно ќе ги намали каматните стапки двапати до крајот на годината го задржаа курсот на доларот во однос на водечките светски валути блиску до најниското ниво во последните пет месеци.

Индексот на доларот, кој ги мери перформансите на амариканската во однос на шесте главни светски валути, застана на 103,41 поен, што е за 0,01 отсто повеќе од претходниот ден.

 

„Фактот дека економијата расте, невработеноста е ниска и инфлацијата сè уште висока значи дека каматните стапки ќе останат во мирување до крајот на летото. Fed ќе биде внимателен во однос на предвремените потези со оглед на изгледите за повисоки стапки на инфлација“, велат економистите на ING.

Курсот на јенот само благо зајакна во однос на доларот, при што доларот се тргува на 148,36 јени. И американската валута благо порасна во однос на еврото, за 0,04 отсто, па еврото се тргува за 1,08997 долари.

Во исто време, цената на златото достигна ново рекордно високо ниво од 3.055,96 долари за унца, помогната од очекувањата дека Fed ќе ги намали каматните стапки оваа година.

Цените на нафтените пазари благо зајакнаа, делумно под влијание на ескалацијата на тензиите на Блискиот исток. Цената на марката Brent на лондонскиот пазар порасна за 0,5 отсто на 71,13 долари за барел, а на американската WTI за 0,36 отсто на 67,4 долари за барел.

globe

Слични новости

Германија би можела да го надомести послабиот извоз во САД на пазарите во ЕУ

Германија би можела да го надомести послабиот извоз во САД на пазарите во ЕУ

Германскиот извоз во САД ќе расте послабо следните десет години поради трговските конфликти и зголемениот американски протекционизам, но извозниците би можеле да ги надоместат загубите на пазарите во Европската унија

Знаците на силна американска побарувачка ги туркаат цените на нафтата кон 74 долари

Знаците на силна американска побарувачка ги туркаат цените на нафтата кон 74 долари

Цените на нафтата се зголемија во средата на меѓународните пазари кон 74 долари, бидејќи падот на залихите во САД сигнализираше силна побарувачка, по објавувањето на САД за царини за купувачите на барели од Венецуела што може да ја намали понудата