На девизните пазари, пак, индициите на американската централна банка (Federal Reservе – Fed) дека најверојатно ќе ги намали каматните стапки двапати до крајот на годината го задржаа курсот на доларот во однос на водечките светски валути блиску до најниското ниво во последните пет месеци.
Индексот на доларот, кој ги мери перформансите на амариканската во однос на шесте главни светски валути, застана на 103,41 поен, што е за 0,01 отсто повеќе од претходниот ден.

„Фактот дека економијата расте, невработеноста е ниска и инфлацијата сè уште висока значи дека каматните стапки ќе останат во мирување до крајот на летото. Fed ќе биде внимателен во однос на предвремените потези со оглед на изгледите за повисоки стапки на инфлација“, велат економистите на ING.
Курсот на јенот само благо зајакна во однос на доларот, при што доларот се тргува на 148,36 јени. И американската валута благо порасна во однос на еврото, за 0,04 отсто, па еврото се тргува за 1,08997 долари.
Во исто време, цената на златото достигна ново рекордно високо ниво од 3.055,96 долари за унца, помогната од очекувањата дека Fed ќе ги намали каматните стапки оваа година.
Цените на нафтените пазари благо зајакнаа, делумно под влијание на ескалацијата на тензиите на Блискиот исток. Цената на марката Brent на лондонскиот пазар порасна за 0,5 отсто на 71,13 долари за барел, а на американската WTI за 0,36 отсто на 67,4 долари за барел.
Слични новости
Рускиот јавен долг остро пораснал во 2024.
Јавниот долг на Русија остро пораснал во 2024 година, со скок на трошоците за негово сервисирање, објави во аналитичка белешка руската Сметководствена комора
Цената на нафтата порасна кон 72 долари
Цените на нафтата пораснаа до 72 долари на меѓународните пазари во четвртокот, откако САД воведоа санкции за кинеските купувачи на иранска нафта
Внимателно тргување во Европа додека се чекаат одлуките на централните банки
На европските берзи се тргува претпазливо во четврток додека инвеститорите ги очекуваат одлуките на голем број европски централни банки за каматните стапки, при што цените на акциите во секторот недвижности и енергетика значително се зголемуваат, додека во туристичкиот сектор паѓаат