Доларот падна за околу 10 насто во однос на другите главни валути откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа, што предизвикува загриженост кај Американците за пристапност кон стоките и услугите. Американските експерти предупредуваат дека станува збор за еден вид „невидлив данок“ и дека она што може да се купи со доларот е се помалку.

Индексот на американскиот долар што ја мери неговата вредност во однос на другите главни валути го забележа најостриот шестомесечен пад во последните 50 години и индексот е послаб за околу 10 проценти, откако САД повторно стана американски претседател.

Американските претседатели долго му даваа поддршка на силниот долар, додека Трамп смета дека силниот долар ги става САД во неповолна позиција и дека токму слабиот долар и помага на американската индустрија.

За големите мултинационални компании кои работат во странтсво слабиот долар може да биде поттик за продажба на производите кои стануваат поевтини. Но поголемиот дел американски компании работат само во Америка, а многу од нив се потпираат врз увоз на стоки, кои стануваат се поскапи.

Слични новости

Антонио Гутереш повика на економски пресврт и напуштањето на БДП како главна мерка на пресметка на успехот

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека сегашните економски модели го наградуваат загадувањето и трошењето на ресурсите и водат кон еколошка катастрофа.

Продажбаата на кинеската кукла Лабубу надмина 100 милиони во 2025

Аналитичарите истакнуваат дека овие резултати означуваат клучна промена во кинеската економија затоа што фокусот се поместува од традиционалната етикета „прозведено во Кина“ на модерната „креирано во Кина“.