На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна минатата седмица, првпат по шесте седмици раст, бидејќи ублажувањето на инфлацијата во САД ги обнови шпекулациите за намалување на каматните стапки од страна на американската централна банка.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската во однос на шесте главни светски валути, падна за 0,2 отсто минатата седмица, на 109,41 поени.
Американската валута ослабе во однос на јапонската, за 0,9 отсто, па нејзиниот курс се лизна на 156,30 јени. Јапонската валута значително зајакна во однос на американската валута, бидејќи се очекува јапонската централна банка наскоро да ги зголеми каматните стапки за да спречи зголемување на инфлацијата.
Курсот на еврото во однос на доларот се зголеми за 0,25 отсто, на 1,0270 долари. Европската централна банка (ЕСВ), сепак, се очекува наскоро да го продолжи циклусот на намалување на каматните стапки, па еврото зајакна само минимално во однос на доларот.
По шест седмици континуиран раст, доларот благо ослабна минатата седмица. Ова е последица на ублажувањето на инфлацијата во САД.
Имено, минатата седмица беше објавено дека потрошувачките цени во декември се зголемени за 0,4 отсто на месечно ниво, додека во целата минатата година пораснале за 2,9 отсто. Ова е за 0,1 процентен поен помала инфлација од очекувањата на аналитичарите.
Благодарение на ова, повторно зајакнаа шпекулациите за намалување на каматните стапки од страна на централната банка на САД. Пазарот проценува дека Fed би можел да ги намали каматните стапки на состанокот во јуни. Дотогаш, велат аналитичарите, челниците на централните банки ќе го следат влијанието на политиката на Доналд Трамп, кој во понеделник ја презема Белата куќа, врз економијата и инфлацијата.
Слични новости
Царините на Трамп може да го намалат американскиот извоз за 22 насто
Новите царини на американската администрација на Доналд Трамп врз Канада, Мексико и Кина, би можеле да го намалат американскиот извоз за 22 насто, доколку погодените држави возвратат со контрамерки, се наведува во денеска објавената анализа на Институтот за економски истражувања од Минхен.
Пад на вредноста на доларот, нафтата поевтини
На валутните пазари во раното тргување во вторникот падна вредноста на америакнскиот долар во однос на кошницата валути
Пад на Волстрит во нестабилното тргување
Се чини дека претстои нестабилно тргување за глобалните берзи, бидејќи наметнувањето царини може да предизвика трговска војна