На девизните пазари американскиот долар порасна во однос на главните светски валути во петокот, ден откако го забележа најдоброто остварување во последните три седмици, бидејќи централната банка на САД сигнализираше дека нема да брза со намалување на каматните стапки.
Индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на зелената банкнота во однос на шесте главни светски валути, претпладнево порасна за 0,21 отсто, на 104,01 поен, над неговиот раст од 0,36 отсто во четвртокот.

Индексот го допре петмесечен минимум од 103,19 поени претходно оваа седмица, откако постепено ослабна од 13 јануари, паѓајќи од највисокото ниво од крајот на 2022 година од 110,17 поени. Причината за слабеењето на доларот е нервозата на инвеститорите дека глобалната трговска војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп ќе предизвика рецесија во САД.
Сепак, во средата Fed ги задржа каматните стапки на нивното сегашно ниво и најави намалување за два квартал поен подоцна оваа година, а претседателот на Fed, Џером Пауел рече дека нема да брза да ги намали, давајќи си време да процени како царините на Трамп ќе влијаат на економијата.
Курсот на еврото, кој има убедливо најголема тежина во индексот на доларот, претпладнево се лизна за 0,18 отсто, на 1,0831 долар, откако претходниот ден ослабе за 0,45 отсто. Доларот зајакна и во однос на јенот за 0,42 отсто и претпланево со него се тргуваше за 149,4 јени.
Во такви услови цената на златото се приближува до рекордно ниво – во петокот на светските берзи унца чинеше 3.031,5 долари, само малку над рекордното ниво од 3.055 долари, кое го достигна во четвртокот.
Слични новости
Европските берзи во црвено
Европските берзи паднаа во петокот во претпладневното тргување предводени од падот на цените на акциите на авиокомпаниите, откако пожарот на лондонскиот аеродром Хитроу ги запре сите летови на еден од најпрометните аеродроми во светот
Азиските пазари на капитал под притисок поради американските царини
Азиските берзи остро паднаа во петокот поради зголемената загриженост за геополитичките тензии и влијанието на американските царини врз глобалната економија, што го намалува апетитот за ризик на инвеститорите, кои се свртуваат кон златото како безбедно засолниште за капиталот и го зајакнува доларот
Благ пад на Волстрит, тргувањето е неизвесно
На Волстрит, берзанските индекси благо паднаа во четвртокот, по неизвесното тргување, бидејќи низа неодамнешни податоци укажуваат на забавување на економскиот раст на САД, додека инфлацијата може да се зголеми во наредните месеци.