На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути е на најниско ниво од ноември минатата година.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,15 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 104,20 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 148,95 на 147,85 јени.
Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0790 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0810 долари.
Очекувано, вчера Европската централна банка ги намали каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени за да го поттикне растот на економијата на еврозоната.
Цените на нафтата благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,12 отсто, на 69,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,03 отсто, на 66,40 долари.
Слични новости
Трамп ги удвои царините за канадските метали
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги удвои планираните тарифи за сите производи од челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада на 50 отсто, како одговор на потегот на провинцијата Онтарио
Нафтата поскапе кон 70 долари
Цените на нафтата се искачија во вторник на меѓународните пазари до 70 долари, бидејќи послабиот американски долар ја поддржа побарувачката, засенувајќи ги стравувањата дека бранот царини може да предизвика рецесија во САД
Европските инвеститори претпазливи, индексите стагнираат
На европските берзи во вторник се тргува внимателно, а берзанските индекси стагнираат, по вчерашниот значителен пад