Доларот падна на најниско ниво во последните три години, затоа што променливата трговска политика на Соединетите Американски Држави внесува нестабилност на пазарите.

Исто така, растат очекувањата дека Федералните резерви на САД ќе ги намалат каматните стапки, што го поттикнува одливот на капитал од најголемата светска економија.

Иако доларот во петокот беше нешто посилен благодарение на побарувачката за сигурни девизи откако Израел изведе напад врз Иран, оваа валута го бележи најголемиот пад во изминатите месеци, пренесува Ројтерс.

Доларот оваа година падна за речиси 10 проценти во однос на кошничката на главните светски валути, што предизвика проблеми и во други земји кои се соочуваат со неочекувани промени на девизните пазари, кои натаму влијаат врз еконоскиот раст и инфлацијата.

Слични новости

Трамп ја дозволи продажбата на Ју Ес стил за 14,9 милијарди долари на јапонскиот Нипон стил

Трамп ја дозволи продажбата на Ју Ес стил за 14,9 милијарди долари на јапонскиот Нипон стил

Нипон стил потврди дека презема 100 роценти од сопствеништвото врз американската компанија, а оваа спогодба вклучува и 11 милијарди долари нови вложувања до 2028, како и обврски во поглед на управувањето, производството и трговијата.