На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути во понеделникот во претладневното тргување изгуби дел од минатонеделните добивки.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево се движи околу 107,17 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 107,56 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна за 0,15 отсто, на 150,40 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото порасна за 0,3 отсто, на 1,0415 долари.

Цените на нафтата пораснаа по минатонеделниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево порасна за 0,34 отсто, на 73,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,34 отсто, на 70,00 долари.

globe

Слични новости