На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна на почетокот на седмицата, откако минатата потона за повеќе од 3 отсто.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на шесте други главни светски валути, во понеделникот претпладнето падна за 0,1 отсто на 103,59 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута падна за 0,45 отсто, на 147,60 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото порасна за 0,1 отсто, на 1,0835 долари.

Цените на нафтата, сепак, паднаа и на почетокот на оваа недела, па негативниот тренд на цените влезе во четвртата недела. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за 0,61 отсто, на 69,90 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,69 отсто, на 66,60 долари.

globe

Слични новости

Трамп ги удвои царините за канадските метали

Трамп ги удвои царините за канадските метали

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги удвои планираните тарифи за сите производи од челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада на 50 отсто, како одговор на потегот на провинцијата Онтарио

Нафтата поскапе кон 70 долари

Нафтата поскапе кон 70 долари

Цените на нафтата се искачија во вторник на меѓународните пазари до 70 долари, бидејќи послабиот американски долар ја поддржа побарувачката, засенувајќи ги стравувањата дека бранот царини може да предизвика рецесија во САД