На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна во раното претпладневно тргување во петокот, и е на пат да забележи седмична загуба од околу 0,45 отсто.
Индексот на доларот, кој ја искажува изведбата на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути, утрово се движи околу 99,11 поени, блиску до најниското ниво во три седмици, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 99,56 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 154,95 на 154,45 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,1640 долари, додека вчера во истото време чинеше 1,1585 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово порасна за 1,59 отсто, на 64,00 долари, додека на американскиот пазар, барелот поскапе за 1,69 отсто, на 59,70 долари.
Слични новости
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам


