На валутните пазари во петокот во раното претпладневно тргување, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна втор ден со ред.
Индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 99,82 поени, додека вчера во истиот пресек изнесуваше 100,05 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 153,85 на 153,25 јени.
Американската валута, исто така, ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1535 долари, додека вчера во истиот период од трегувањето чинеше 1,1505 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, надоместија дел од вчерашните загуби. На лондонскиот пазар цената на барелот претпладнево порасна за 0,60 отсто, на 63,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,64 отсто, на 59,80 долари.
Слични новости
Германската економија и во 2025 без позитивен импулс
На германската економија и во оваа година и недостига позитивен замав, а деловниот сентимент е и понатаму слаб, се заклучува во денеска објавениот извештај на Институтот за економски истражувања
Рафинеријата за нафта во Панчево го започна процесот на затварање на производствените капацитети
Рафинеријата за нафта Панчево вчера го започна процесот на затворање на производствените капацитети поради недостиг на сурова нафта за преработка, што е резултат на санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз НИС.
Пазарот на криптовалутите се опоравува
Вредноста на биткоинот денеска порасна за 4,64 насто и изнесува 78.816 евра, што укажува на продолжување на опоравувањето на криптовалутите, по големиот пад во понеделникот.


