На валутните пазари во петокот во раното претпладневно тргување, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна втор ден со ред.

Индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 99,82 поени, додека вчера во истиот пресек изнесуваше 100,05 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 153,85 на 153,25 јени.

Американската валута, исто така, ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1535 долари, додека вчера во истиот период од трегувањето чинеше 1,1505 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, надоместија дел од вчерашните загуби. На лондонскиот пазар цената на барелот претпладнево порасна за 0,60 отсто, на 63,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,64 отсто, на 59,80 долари.

globe

Слични новости

Благ раст на европските берзи

Благ раст на европските берзи

На европските берзи, индексите пораснаа во претпладневното тргување во петокот, најмногу благодарение на растот на цените на акциите во рударскиот сектор, додека инвеститорите внимателно чекаат нови податоци за инфлацијата во САД