На валутните пазари во петокот во раното претпладневно тргување, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна втор ден со ред.

Индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 99,82 поени, додека вчера во истиот пресек изнесуваше 100,05 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 153,85 на 153,25 јени.

Американската валута, исто така, ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1535 долари, додека вчера во истиот период од трегувањето чинеше 1,1505 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, надоместија дел од вчерашните загуби. На лондонскиот пазар цената на барелот претпладнево порасна за 0,60 отсто, на 63,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,64 отсто, на 59,80 долари.

globe

Слични новости

Волстрит порасна четврти ден по ред

Волстрит порасна четврти ден по ред

Берзанските индекси на Волстрит пораснаа четврти ден по ред во средата, но обемот на тргување беше скромен бидејќи во четврток поради празникот Денот на благодарноста во САД не се работ, додека во петок на најголемата берза во светот ќе се работи скратено

Цените на нафтата се стабилизираа близу 63 долари

Цените на нафтата се стабилизираа близу 63 долари

Цените на нафтата се стабилизираа во средата на меѓународните пазари близу 63 долари, поради очекувањата за поголема побарувачка на гориво од САД пред празничниот викенд и разговорите за рамката за мировен договор во Украина