На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо се намали во раното претпладневно тргувањето во петокот, но сепак е на пат да оствари седмична добивка од околу 0,8 отсто.

Индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 100,13 поени, додека вчера во истиот термински пресек од тргувањето изнесуваше 100,25 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 157,45 на 157,40 јени.

Американската валута, исто така, ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1535 долари, додека вчера во истото време чинеше 1,1510 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, остро паднаа. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово падна за 1,20 отсто, на 62,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 1,36 отсто, на 58,20 долари.

globe

Слични новости

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел