На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна во раното претпладневно тргрување во понеделникот, откако минатата седмица порасна за 0,9 отсто.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,87 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 106,94 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 153,65 на 153,85 јени.
Но американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0515 долари, додека во петокот вечерта изнесуваше 1,0505 долари.
Цените на нафтата, пак, паднаа по минатонеделниот значителен пораст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,47 отсто, на 74,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,65 отсто, на 70,85 долари.
Слични новости
Светските берзи остро паднаа, Fed го забаува темпото на намалување на каматните стапки
Цените на акциите драстично паднаа на светските берзи минатата седмица, бидејќи американската централна банка објави дека планира да го забави темпото на намалување на каматните стапки следната година
Фолксваген укинува 35.000 работни места, погоните остануваат
Концернот Фолксваген и синдикатот постигнаа договор во спорот за колективни договори. До 2030 година треба да бидат укинати 35.000 работни места, но погоните не се затвораат.
Крах на британската автомобилска индустрија
Производството на автомобили во Велика Британија е на најниско ниво за последните 44 години. Во Велика Британија минатиот месец се произведени 64.216 нови автомобили што е за 30 насто помалку во однос на истиот месец минатата година, и претставува најлош учинок од 1980 година.