На валутните пазари во средата во работо претпладневно тргување падна вредноста на американскиот долар во однос на кошницата со валути.

Индексот на доларот, кој ги искажува вредноста на доларот во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево се движи околу 106,17 поени, што е блиску до најниското ниво оваа година, додека вчера во истиот момент од тргувањето изнесуваше 106,75 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 149,70 на 149,40 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0505 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0475 долари.

Цените на нафтата, пак, вратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево порасна за 0,26 отсто, на 73,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,25 отсто, на 69,10 долари.

globe

Слични новости

Трамп ги удвои царините за канадските метали

Трамп ги удвои царините за канадските метали

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги удвои планираните тарифи за сите производи од челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада на 50 отсто, како одговор на потегот на провинцијата Онтарио

Нафтата поскапе кон 70 долари

Нафтата поскапе кон 70 долари

Цените на нафтата се искачија во вторник на меѓународните пазари до 70 долари, бидејќи послабиот американски долар ја поддржа побарувачката, засенувајќи ги стравувањата дека бранот царини може да предизвика рецесија во САД