На валутните пазари во претпладневнот тргување во понеделникот вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо падна, откако минатата семиа порасна за 0,8 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претплднево се движи околу 107,72 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 108,08 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 156,35 на 156,55 јени.

Но американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0445 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0430 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа откако минатата седмица паднаа за повеќе од 2 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар петпладнево зајакна за 0,47 отсто, на 73,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,53 отсто, на 69,85 долари.

globe

Слични новости

Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, соопшти ССМ

Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, соопшти ССМ

Минималната синдикална кошница за декември годинава изнесува 62.861 денари и е за 840 денари повисока отколку во ноември годинава кога беше 62.021 денар. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 78.236 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Ангеловска-Бежоска−Васле: Mакропрудентните мерки ја зајакнаа финансиската стабилност

Ангеловска-Бежоска−Васле: Mакропрудентните мерки ја зајакнаа финансиската стабилност

Централните банки преку преземените макропрудентни мерки, како што е на пример противцикличниот заштитен слој на капиталот, му помогнаа на банкарскиот систем да се справи со економските предизвици и да има клучна улога во зачувувањето на финансиската стабилност