На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна во четвртокот во претпладневното тргување втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 107,60 поени, додека вчера во истиот момент изнесуваше 107,97 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 153,50 на 152,15 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0395 долари, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 1,0375 долари.

Цените на нафтата вратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево порасна за 0,21 отсто, на 74,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,31 отсто, на 71,25 долари.

globe

Слични новости

Инфлацијата во САД забави во февруари

Инфлацијата во САД забави во февруари

Инфлацијата во Сoединетите држави забавила во февруари, првпат по пет месеци, со забележителен пад на цените на бензините, покажаа податоците на Министерството за труд објавени во средата