На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо ослабе во утринското тргувањето во средата, втор ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 99,57 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 99,60 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 154,15 на 154,65 јени, блиску до највисокото ниво за девет месеци.
Американската валута, пак, ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1575 долари, додека вчера во истото време чинеше 1,1565 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, изгубија дел од вчерашните добивки. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово се лизна за 0,35 отсто, на 65,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 0,38 отстооценти, на 60,80 долари.
Слични новости
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам


