На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна во претпладневото тргување во понеделникот, откако минатата седмица порасна за 0,4 отсто.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево се движи околу 104,03 поени, додека во петокот на затворањето на пазарот изнасуваше 104,15 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за околу 0,3 отсто, на 149,75 јени.

Но американската валута ослабе во однос на европската, за приближно 0,25 отсто, па цената на еврото достигна 1,0835 долари.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа, по минатонеделниот раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево падна за 0,26 отсто, на 71,95 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,21 отсто, на 68,15 долари.

globe

Слични новости

Цените на нафтата стабилизирани околу нивото од 73 долари

Цените на нафтата стабилизирани околу нивото од 73 долари

Цените на нафтата се стабилизираа во вторник на меѓународните пазари близу 73 долари, балансирајќи меѓу американското објавување царини за купувачите на барели од Венецуела и индициите дека водечките производители се подготвуваат да ја зголемат понудата во мај

Скок на приходите и профитот на кинескиот BYD во 2024.

Скок на приходите и профитот на кинескиот BYD во 2024.

Кинескиот производител на електрични автомобили BYD објави остар раст на приходите и профитот во 2024 година, при што продажбата на целосно електрични и хибридни возила скокнала за повеќе од 40 проценти