На валутните пазари минатата седмица третпат со ред падна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути, при што најмногу падна неговиот курс во однос на јапонскиот јен.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на шесте главни светски валути, минатата седмица се лизна за 0,15 отсто, на 106,65 поени.

Курсот на еврото во однос на доларот ослабе за 0,3 отсто, на 1,0458 долари.

Сепак, американската валута остро падна во однос на јапонската, за 2 отсто, а нејзиниот курс се лизна на 149,25 јени.

Слабеењето на индексот на доларот трета седмица по ред најмногу се должи на неговиот остар пад во однос на јапонската валута.

Со оглед на тоа дека инфлацијата во Јапонија расте, се очекува центалната банка на Јапонија (BoJ) наскоро дополнително да ги зголеми клучните каматни стапки, намалувајќи го јазот меѓу каматните стапки на американската Fed и BoЈ.

Дополнително, јенот зајакна бидејќи се смета за побезбедно засолниште за капиталот во несигурни времиња, а на финансиските пазари преовладува неизвесност, меѓу другото, и поради неизвесноста во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина.

globe

Слични новости

Неизвесност на светските берзи, Волстрит остро падна

Цените на акциите на светските берзи паднаа минатата седмица бидејќи инвеститорите стравуваа од трговска војна, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини, што може негативно да влијае на глобалниот економски раст