На валутните пазари во претпладневното тргување во четвртокот, остро падна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево се движи околу 98,35 поени, што е најниско ниво од април, додека вчера во истиот пресек од тргувањето беше 99,13 поени.

Во исто време, курсот на американскиот долар во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 145,05 на 143,95 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1515 долари, највисоко ниво за седум седмици, додека вчера во истиот пресек чинеше 1,1415 долари.
Цените на нафтата, пак, малку паднаа по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,42 отсто, на 69,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,31 отсто, на 67,95 долари.
Слични новости
Доларот падна на најниско ниво во последните три години
Доларот падна на најниско ниво во последните три години, затоа што променливата трговска политика на Соединетите Американски Држави внесува нестабилност на пазарите.
Премиерот Мицкоски очекува висок раст на БДП во вториот квартал
Не велам дека имаме раст, но ако имаме предвид дека бевме длабок минус ние сме дојдени во состојба нула и сега треба да креваме“, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво
Во април годинава во однос на март годинава, вкупниот промет во индустријата, бележи пад од 7,9 проценти, додека во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период лани има зголемување од 3,6 проценти.