На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна минатата седмица а тргувањето беше неизвесно бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини за соседните земји, Кина, Европската унија…
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на шесте главни светски валути, падна за 0,35 отсто минатата седмица, на 108,10 поени.
Курсот на еврото во однос на доларот се лизна за 0,4 отсто, на 1,0328 долари. Но аериканската валута ослабе во однос на јапонската за 2,4 отсто, па нејзиниот курс потона на 151,40 јени.

Остриот пад на доларот во однос на јенот не е резултат само на очекувањата дека јапонската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки, туку и на неизвесноста на пазарите, што ги тера инвеститорите да бараат побезбедно засолниште за својот капитал.
А неизвесноста е предизвикана од заканите на Вашингтон дека ќе воведе царини за увозот на стоки од многу земји во светот. Така, на почетокот од минатата седмица прво беа воведени, а потоа одложени царините за увоз од Канада и Мексико.
Сепак, стапија на сила царините од 10 отсто за увозот од Кина, на што Пекинг одговори со најава за воведување дополнителни царини од 10 до 15 отсто за увоз на одредени производи од САД од 10. февруари. Трамп се заканува со царини за Европската унија и многу други земји ширум светот поради различни причини.
Покрај поддршката на неизвесноста на финансиските пазари, сè поневеројатно е дека американската централна банка наскоро ќе го продолжи циклусот на намалување на каматните стапки. Имено, доколку заканите на Трамп за воведување царини се остварат, тоа би ја поттикнало инфлацијата во САД, оставајќи ја Fed без простор за дополнително намалување на каматните стапки.
Од друга страна, европските земји продолжуваат да ја олабавуваат монетарната политика. Откако Европската централна банка (ECB) неодамна ја намали цената на парите за дополнителни 0,25 процентни поени, истото минатата седмица го направи и британската централна банка. Ова би требало да предизвика зајакнување на економијата, но поради намалувањето на каматните стапки, минатата седмица британската валута ослабе во однос на доларот.

Слични новости
Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ најави дека во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе се стави крај на криминалот на Пуцко Петрол
Пуцко Петрол 30 години имал статус на бела мечка во македонското општество, дозволено му било преку тендери да внесува што сака и како сака. Сега, во време на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се стави крај на неговото криминогено однесување, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Венс: Се очекува договор на високо ниво за ТикТок до 5 април
Тикток се соочи со проблеми во САД откако на 19 јануари стапи во сила закон со кој се бара од сопствениците на Тикток кинеската компанија Бајтденс да го продадат, поради загрозување на американската национална безбеност или во спротивно ќе биде забранет.
Цените на нафтата над 70 долари
Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во петокот над нивото од 70 долари, а инвеститорите проценуваат дека преговорите за ставање крај на руско-украинската војна ќе потрае и ќе го одложат враќањето на руската нафта на западните пазари