На валутните пазари, вредноста на американскот доларот во раното претпладневно тргување во петокот во однос на кошничката валути останува под притисок откако американската централна банка ги намали каматните стапки, и е на пат да впише загуби трета седмица по ред.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, утрово се движи околу 98,34 поени, најниско ниво во месец и половина, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 98,54 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,95 на 155,60 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1740 долари, додека вчера во истиот момент чинеше 1,1690 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот остар пад. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово порасна за 0,78 отсто, на 61,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,85 отсто, на 58,10 долари.

globe

Слични новости

Волстрит порасна откако Fed ги намали каматните стапки

Волстрит порасна откако Fed ги намали каматните стапки

Цените на акциите пораснаа на Волстрит во средата откако американската централна банка, како што се очекуваше, ги намали каматните стапки третпат оваа година и ја зголеми својата проценка за економскиот раст следната година

ДР Конго ги заострува регулативите за извоз на кобалт

ДР Конго ги заострува регулативите за извоз на кобалт

Демократска Република Конго ги заострува регулативите за извоз на кобалт, сигнализирајќи дека има намера да игра повлијателна улога во глобалните синџири на снабдување за производство на батерии за електрични возила и системи за складирање на енергија