На валутните пазари, вредноста на америакнскиот долар во однос на кошничката валути зајакна во раното претпладневно тргување во четвртокот, бидејќи записниците од последниот состанок на челниците на американската централна банка покажаа дека тие се претпазливи во врска со натамошните намалувања на каматните стапки, бидејќи пониските трошоци за задолжување би можеле да го отежнат справувањето со инфлацијата, која е сè уште далеку над нивната цел од 2 отсто.

Како резултат на тоа, се намалија очекувањата дека Fed дополнително ќе ги намали каматните стапки во декември, по намалувањата во септември и октомври за по 0,25 отстотни поени.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, е околу 100,25 поени утрово, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 99,60 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 155,30 на 157,45 јени, највисоко ниво во последните 10 месеци.

Американската валута зајакна и во однос на европската валута, при што еврото се лизна на 1,1510 долари, што е најниско ниво во последните две седмици од вчерашните 1,1590 долари во истиот период од тргувањето.

Цените на нафтата, пак, надоместија дел од вчерашните загуби. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово се зголеми за 0,31 отсто на 63,70 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,37 отсто на 59,65 долари.

globe

Слични новости

Благ раст на европските берзи

Благ раст на европските берзи

На европските берзи, индексите пораснаа во претпладневното тргување во петокот, најмногу благодарение на растот на цените на акциите во рударскиот сектор, додека инвеститорите внимателно чекаат нови податоци за инфлацијата во САД