На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми трет ден по ред во претпладневното тргување во четвртокот

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево е околу 98,97 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 98,88 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 151,80 на 152,20 јени.

Американската валута, исто така, зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1605 долари, додека вчера во истото време чинеше 1,1610 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, остро пораснаа откако Вашингтон воведе санкции против руските нафтени гиганти „Лукоил“ и „Росњефт“ наводно за да изврши притисок врз Русија за мировни преговори со Украина.

На лондонскиот пазар, цената на барелот претпладнево порасна за 3,13 отсто, на 64,55 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот порасна за 3,25 отсто, на 60,40 долари.

globe

Слични новости

Цените на нафтата паднаа под 63 долари

Цените на нафтата паднаа под 63 долари

Цените на нафтата паднаа под 63 долари во понеделникот на меѓународните пазари, сигнализирајќи дека стравовите на инвеститорите од прекини во снабдувањето се намалија

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел