На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути во раното претпладневно тргување во понеделникот се искачи близу до највисокото ниво за три месеца, бидејќи доларот е поддржан од пораките од американската централна банка дека натамошните намалувања на каматните стапки во декември не се сигурни.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути, е околу 99,82 поени утрово, додека во петокот навечер изнесуваш 99,72 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута зајакна за 0,10 отсто, на 154,15 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1525 долари, близу до најниското ниво за три месеца, додека во петокот навечер чинеше 1,1535 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, се зголемија откако паднаа за околу 1 отсто минатата седмица. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово се зголеми за 0,54 отсто, на 65,10 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,56 отсто, на 61,30 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и сојузниците на картелот на состанокот во неделата во декември одлучија да го зголемат производството само за 137.000 барели дневно, исто како во октомври и ноември, а значително помалку отколку во септември.
Дополнително, грипата OPEC+ соопшти дека нема да го зголемат производството во првиот квартал од следната година, што укажува дека не се очекува значителен раст на побарувачката и дека, во случај на натамошно зголемување на производството, може да има презаситеност на пазарот.
Слични новости
„Аmazon“ со уплата од 180 милиони евра ја затвори истрагата за можна дночна измама во Италија
Подружница на американскиот гигант за е-трговија „Amazon“ им плати околу 180 милиони евра на италијанските даночни власти и го укина својот систем за следење на испораките со цел да ја затвори истрагата за можна даночна измама и експлоатација на работници
Цените на храната паднаа и во ноември
Цените на храната паднаа и во ноември, трет месец по ред, со значително намалување на цената на млекото и млечните производи и растителните масла, објави во петокот агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации
РКЕ ги намали надоместоците за дистрибуција, пренос и за операторот на пазарот на електрична енергија
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година


