На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути се зголеми по двата дена пад во претпладневното тргување во средата.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево е околу 98,40 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 98,29 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 154,75 на 155,10 јени.
Американската валута зајакна и во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1725 долари, додека вчера во истиот период чинеше 1,1750 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, ги надоместија поголемиот дел од вчерашните загуби, кога се лизнаа на најниските нивоа од 2021 година. Цените од утрово беа поттикнати од веста дека американскиот претседател Доналд Трамп нареди целосна блокада на влезот и излезот на сите танкери под санкции од Венецуела.
На лондонскиот пазар, цената на барелот претпладнево порасна за 1,56 отсто, на 59,85 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот порасна за 1,65 отсто, на 56,15 долари.
Слични новости
На Холандија ѝ се потребни најмалку 150 милијарди евра инвестиции во продуктивноста
На Холандија ѝ се потребни најмалку 150 милијарди евра инвестиции во следните десет години за да ја подобри продуктивноста, заедно со олабавени регулативи за имиграција на висококвалификувани странски работници и подобрено снабдување со електрична енергија
Доларот падна во однос на кошничката валути трета седмица по ред, еврото зајакна
На светските пазари, американскиот долар падна во однос на кошничката валути минатата седмица, трата по ред, бидејќи американската централна банка ги намали клучните каматни стапки по третпат оваа година
Јужна Кореја вложува над 5 милијарди евра во вештачка интелигенција
Владата на јужна Кореја претстави амбициозен план за вложување на над 5,3 милијарди евра во формирање на најголемиот регионален кластер за напредни чипови и вештачка интелигенција.


