На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути се зголеми по двата дена пад во претпладневното тргување во средата.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево е околу 98,40 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 98,29 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 154,75 на 155,10 јени.

 

 

Американската валута зајакна и во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1725 долари, додека вчера во истиот период чинеше 1,1750 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, ги надоместија поголемиот дел од вчерашните загуби, кога се лизнаа на најниските нивоа од 2021 година. Цените од утрово беа поттикнати од веста дека американскиот претседател Доналд Трамп нареди целосна блокада на влезот и излезот на сите танкери под санкции од Венецуела.

На лондонскиот пазар, цената на барелот претпладнево порасна за 1,56 отсто, на 59,85 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот порасна за 1,65 отсто, на 56,15 долари.

globe

Слични новости

Швајцарската влада благо ја зголеми проценката за економскиот раст

Швајцарската влада благо ја зголеми проценката за економскиот раст

Швајцарската влада во понеделникот благо ја зголеми проценката за економскиот раст во 2026 година, тврдејќи дека договорот со САД за пониски царини треба да го олесни влијанието на трговските бариери врз извозот