На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути се зголеми по двата дена пад во претпладневното тргување во средата.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево е околу 98,40 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 98,29 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 154,75 на 155,10 јени.
Американската валута зајакна и во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1725 долари, додека вчера во истиот период чинеше 1,1750 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, ги надоместија поголемиот дел од вчерашните загуби, кога се лизнаа на најниските нивоа од 2021 година. Цените од утрово беа поттикнати од веста дека американскиот претседател Доналд Трамп нареди целосна блокада на влезот и излезот на сите танкери под санкции од Венецуела.
На лондонскиот пазар, цената на барелот претпладнево порасна за 1,56 отсто, на 59,85 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот порасна за 1,65 отсто, на 56,15 долари.
Слични новости
Претплазливо на тргување на Волстрит пред економските извештаи
На Волстрит берзанските индекси благо паднаа во понеделникот, бидејќи инвеститорите и натаму се претплазиви претпазливи пред објавувањето на неколку важни извештаи коишто ќе ја покажат состојбата во најголемата светска економија
Обилната понуда ги задржа цените на нафтата под 61 долар
Цените на нафтата останаа под 61 долар на меѓународните пазари во понеделникот, а аналитичарите предвидуваат дека Кина очекува значително повеќе барели од Венецуела до крајот на годината, со тешкотии во транспортот, но и изобилство на понудата од санкционираните Русија и Иран
Норвешкиот извоз значително падна во ноември
Норвешкиот извоз зебележа значитечно намалување во ноември, со остар пад на вредноста на испораките на нафта и гас, покажаа податоците кои во понеделникот ги објави тамошното биро за статистика


